E-Store посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, заради што целосно ја заслужуваме Вашата доверба. Заштитата на личните податоците е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност. Ве информираме дека можете да го посетите нашиот веб-сајт и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да се регистрирате како наш корисник, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Личните податоци на корисниците на нашиот веб-сајт се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци
Со оваа политика за приватност, Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци. ВЕНДОР, како заеднички контролор на лични податоци, применува голем број технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку овој веб-сајт. Сепак, имајте предвид дека не може да се гарантира апсолутна заштита кога се доставуваат лични податоци преку Интернет. Повеќе за Политиката на приватност на Вендор- прочитајте тука
За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Во име на компанијата E-Store (понатаму “контролор”) се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од маилинг листата. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности.
Сите вработени во E-Store кои имаат пристап до личните податоци се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.
Податоците ги чуваме и обработуваме врз принципот на законитост, правичност и транспарентност за конкретни, јасни и легитимни цели. Дополнително, собираме единствено минимален обем на податоци кои се потребни за целта на обработката.
Личните податоци ги обработуваме на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички и организациски мерки.
Корисникот има право во секој момент да поднесе приговор до Контролорот на личните податоци и да побара корекција на неточни податоци, ограничување на обработката на лични податоци, како и бришење на лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци. Корисникот може и во секој момент да изјави дека ја повлекува согласноста неговите лични податоци да бидат обработувани од страна на E-Store.
Покрај погоренаведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите посетители ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.
E-Store користи тнр. „cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. Cookie е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Cookies не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на тнр. сookies е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време.
По избор на купувачот (корисникот), врз основ на доброволна согласност, може до E-Store да достави податоци и слики преку пополнување на формулар на нашата веб страна со цел добивање услуги и производи поврзани со нашата работа. Сите податоци на купувачите (корисниците) се чуваат на безбеден веб сервер лоциран кај реноминирана интернационална компанија https://www.linode.com/ и се бришат по истекот на 30 (триесет) денови од денот на последната комуникација меѓу E-Store и купувачот (корисникот).
Доколку сте регистрирани на нашата интернет страна или сте пополниле онлајн формулар за добивање производи и услуги од E-Store, врз основа на писмено барање имате право:
– Да бидете информирани кои категории лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на Вашите лични податоци,
– Да пристапите до Вашите лични податоци,
– Да ги дополните, измените, избришете или да изберете запирање на нивната понатамошна обработка,
– Да ги дознаете корисниците или категориите на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени Вашите лични податоци,
– Да дознаете други информации за Вашите лични податоци согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и другите важечки прописи од областа на заштита на личните податоци.
Корисникот има право во секој момент да поднесе барање до Агенцијата за заштита на лични податоци доколку смета дека обработката на неговите лични податоци ги прекршува одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса:
********************
Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.
СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ
Користењето на нашите сервиси подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. E-Store.mk се обврзува дека ќе се придржува до се претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа страница и праќање на известување по емаил до сите регистрирани корисници.
Доколку имате било какви прашања, предлози или барања поврзани со собирањето и обработката на Вашите лични податоци, во секој момент може да го контактирате и Офицерот за заштита на лични податоци.
ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Име и презиме
Телефонски број: +389 73 823 173
e-mail:
ЗАЕДНИЧКИ КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
www.vendor.com.mk
e-mail: [email protected] | [email protected]
Друштво за програмирање, веб дизајн и трговија ВЕНДОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
Активностите на обработка поврзани со online услугите достапни преку нашата интернет страна, се извршуваат од страна на нашиот технички персонал одговорен за овие услуги или останати лица задолжени за извршување на активностите. Активностите за обработка поврзани со нашите услуги се извршуваат од страна на нашите вработени, согласно нивните работни задолженија, по принципот “треба да се знае“.
Собраните лични податоци се обработени во согласност со одредбите од позитивните прописи од областа на заштита на личните податоци.